International Student Identity Card - Macedonia English Македонски
WYSETC - Светска Младина Студентска и Едукативна Туристичка Конфедерација

ИСТОРИЈА

Во почетокот на 50-тите години на генералната средба на Меѓународниот Студентски Сојуз се придава исклучително значење на патувањето, како една уникатна можност за превладување на предрасудите и градење на толерантност. Се раѓа идејата за создавање на Меѓународна Конфедерација за Студентски Патувања (International Student Travel Confederation - ISTC) која што веднаш после тоа и се формира.


Целта на новата организација е да се создаде најдобри услови за патување на студентите, така што ќе ги поттикнат да го откриат светот со сите негови различни култури, етноси, обичаи и традиции.


ISTC е основоположник на идејата за создавање на Меѓународната Идентификациона Стидентска Карта (International Student Identity Card – ISIC), а решението е донесено на Конференцијата на ISTC во 1967 година.


МИСИЈА


Мисијата на ISIC (International Student Identity Card) е да го направи патувањето по светот возможно и достапно за студентите и младите луѓе, да го насочува запознавањето на нови држави и култури и на тој начин да го стимулира разбирањето на младите во меѓународни рамки.
 

КОНСТИТУЦИЈА НА ISIC АСОЦИЈАЦИЈА


Веќе 35 години ISIC е единствениот меѓународно признат документ, за идентификација на студентите. ISIC е создадена за да помогне на студентите со информации, бенифиции и привилегии одразлични сфери на животот. Денес ISIC им нуди на студентите повеќе можности од кога и да е. Тоа ја прави незаменлива картичка која јакористат 4,5 милиони студенти годишно по целиот свет. ISIC постои во над 116 држави во светот. Партнери на ISIC, се различно институции и организации, министерствата на културата и образованието на многу држави. ISIC се издава и користи и под капата на УНЕСКО.

Во светот постојат многу компании кои што ја подржуваат ISIC преку специјалната трговска политика кон носителите на картичката. Затоа ISIC е клучен за еден специфичен пазарен сегмент: студентите и младите луѓе.

Случајни Попусти
Betty Barclay

Град: Скопје
Компанија: Betty Barclay
Категорија: Бутици
Попуст: 10%

Горица Трејд ГТЦ

Град: Скопје
Компанија: Горица Трејд ГТЦ
Категорија: Бутици
Попуст: 10%

Aurora Tours Student Aurora Macedonian Railways Mastercard Microsoft Skype