International Student Identity Card - Macedonia English Македонски
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Каде можам да извадам ISIC кaртичка?

ISIC, ITIC и IYTC картичките се вадат директно во централната канцеларија на Аурора Турс која се наоѓа на адресата бул. Јане Сандански ТЦ 13 Ноември лок. 4 до ТЦ Три Бисери. Исто така можете да се обратите во сите канцеларии на субагенти на Аурора Турс кои се повеќе од 55 на број на територијата на Република Македонија, од каде податоците се доставуваат до нас и вашите картички се изработуваат. Картичката се вади веднаш доколку е извадена директно во нашите канцеларии или за неколку денови доколку е аплицирано во канцелариите ширум Републиката.

Како да ја користам ISIC картичката?

За да може да ја користите Вашата ISIC или ITIC/ITYC) картичка, истата мора да има ваша слика и да не и биде истече рокот на важноста.

Покажете ја Вашата валидна картичка на вработен во компанијата пред да ја побарате сметката. Попустот не може да се дозволи по издавањето на фискалната сметка.

Кој се може да биде носител на ISIC, ITIC и IYTC картичка?

ISIC, ITIC и IYTC картичките може да ги извадат сите редовни ученици со навршени 12 години возраст, сите редовни студенти без разлика на возраста, сите редовни наставници и професори како и сите младинци, без разлика на својот статус на студент или вработен, а кои се до 26 годишна возраст.

Колкава е цената на ISIC картичките?

Цената на ISIC картичката е 300 денари, а валидноста е една академска година.

Колку корисници на ISIC има во светот и кај нас во Македонија?

Во светски рамки постојат во моментов повеќе од 5.7 милиони корисници на ISIC кои уживаат неколку десетици илјади попусти на сите светски населени континенти. Во Република Македонија во моментов има 16.000 корисници на ISIC кои може да уживаат повеќе од 300 бенефиции.

Случајни Попусти
Авто Школа

Град: Скопје
Компанија: Авто школа Боки
Категорија: Авто Школа
Попуст: 8%

Bikestop

Град: Скопје
Компанија: Bikestop
Категорија: Спорт
Попуст: 10%

Aurora Tours Student Aurora Macedonian Railways Mastercard Microsoft Skype