International Student Identity Card - Macedonia English Македонски
ПОПУСТ
Македонска Филхармонија
Град: 
Скопје
Адреса: 
Дом на АРМ улМакедонија б.б.
Телефон: 
3118450
Веб страна: 
http://filharmonija.org.mk
Категорија: 
Музика

За компанијата: 

Македонската филхармонија е единствениот симфониски оркестар во Р. Македонија кој непрекинато работи повеќе од шест децении.
Формирана на 24. 11. 1944 непосредно по ослободувањето на Скопје, на диригентскиот пулт на оваа значајна национална институција се изменуваат повеќе доајени на македонската музика, а основачи и први диригенти на оркестарот се композиторите Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев. За време на неговото постоење овој оркестар е повеќепати преименуван и приклучуван кон други институции (Македонската опера и балет и Македонското радио), за во 1960 година Македонската филхармонија да се конституира како самостојна музичка институција.
По катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година Македонската Филхармонија под раководство на светски афирмираниот диригент Игор Маркевич остварува европска турнеја која е од исклучително значење за солидарноста што му беше укажана на настраданиот град од страна на народите ширум Европа и светот.
За време на своите 63 години постоење, Македонската Филхармонија е еден од главните носители на музичкиот живот во земјата и амбасадор на македонската уметност во светот. Во споредба со вековните, богати уметнички традиции на другите народи, 63 годишнината може да се сфати како мошне кус период, но за една земја со сложен и динамичен развој каква што е Македонија, постоењето на идејата за што подостојна презентација на македонската култура во ваква форма, е од вонредно значење. Македонската Филхармонија има огромна улога во афирмирањето на македонските репродуктивни уметници, диригенти и промовирањето на современото македонско музичко творештво.
Покрај редовните концертни настапи во земјата, Македонската Филхармонија има остварено гостување во земјите на средна и Јужна Америка, Белгија, Холандија, Швајцарија, Шпанија, Полска, поранешниот СССР, Романија, Бугарија, Турција , Италија, Србија , Црна Гора и др.
Со оркестарот диригирале голем број на странски и домашни диригенти (Ловро Матачиќ, Карло Цекин, Џемал Рашид, Јаромир Ноел, Игор Маркевич, Оскар Данон, во поново време Тадеуш Козловски, Вјачеслав Блинов, Павле Дешпаљ, Ермир Крантја ,Рамиз Мелик Асланов, Антон Нанут, Перо Петровски, Саша Николовски- Ѓумар, Борјан Цанев, Ле Фи Фи и итн.) и настапиле реномирани вокални и инструментилни солисти (Алдо Чиколини, Халина Черни-Стефанска, Хенрих Шеринг, Леонид Коган, Андре Навара , Хозе Карерас ,итн.).

Покрај редовните концертни настапи во земјата, Македонската филхармонија има остварено гостување во земјите на средна и Јужна Америка, Белгија, Холандија, Швајцарија, Шпанија, Полска, поранешниот СССР, Романија, Бугарија, Португалија, Турција и др.

Освен тоа меѓународната комуникација и соработка се негува и преку гостувања на странски диригенти (Ловро Матачиќ, Карло Цекин, Џемал Рашид, Јаромир Ноел, Игор Маркевич, Оскар Данон, во поново време Тадеуш Козловски, Вјачеслав Блинов, Павле Дешпаљ, Ермир Крантја итн.) вокални и инструментилни солисти (Алдо Чиколини, Халина Черни-Стефанска, Хенрих Шеринг, Леонид Коган, Андре Навара итн.). Но пред се како особено значајна би ја издвоиле улогата на Македонската филхармонија во афирмирањето на македонските репродуктивни уметници, диригенти и промовирањето на современото македонско музичко творештво.

50%

Попуст за корисници на ISIC на влезници. (Еден носител може да извади две влезници по предвидениот попуст)

30%

Попуст за носителите на ITIC. (Еден носител може да извади две влезници по предвидениот попуст)

Случајни Попусти
Студио Кул Кат

Град: Скопје
Компанија: Студио Кул Кат
Категорија: Фризери
Попуст: 10%

Хотели

Град: Скопје
Компанија: Апарт Хотел Калонис
Категорија: Хотели
Попуст: 10%

Aurora Tours Student Aurora Macedonian Railways Mastercard Microsoft Skype