International Student Identity Card - Macedonia English Македонски
За Туристичка Агенција Аурора


Агенцијата е основана во ноември 1990. Од самите почетоци се одликува со сериозен пристап на подрачјето на туризмот. Наредните, речиси шестнаесет години се години на перманентен растеж во сите сфери. Во своето работење повеќе се ориентираше на ексклузивните аранжмани и стана препознатлива токму по овој тип на аранжмани.

     Битна референца за Аурора е нејзиниот високо деловен углед, вредноста на имотот, верна клиентела која веќе долги години ги користи нашите услуги, долгогодишните партнери со кои успешно соработуваме и најважно од се долгогодишниот верен, љубезен и квалификуван кадар кој е специјализиран за различни профили и е спремен да излезе во пресрет и да ги исполни барањата на пробирливите коминтенти.

     Покрај нашите висококвалитетни туристички услуги кои ги нудиме во текот на целата година, можете да ги користите и услугите на Менувачницата - Т.А. АУРОРА ТУРС, што работи во рамките на туристичката агенција.


 
     Т.А. Аурора Турс е членка на :

 
- International Air Transport Association: http://www.iata.org/index.htm
 

 
- World Youth Student & Educational Travel Confederation: http://www.wysetc.org/

 
- Pacific Asia Travel Association: http://www.pata.org/

- Association of Travel Agencies of Macedonia со лиценца А бр. 10.
 
 
-Аурора турс е официјален претставник на American Express Travel Services, најголемата организација за туристички услуги од САД.
 
 
     За својата посветена, сериозна и квалитетна работа Т.А. АУРОРА ТУРС има добиено Интернационална Златна Ѕвезда за Квалитет, односно International Gold Star for Quality.
 
Случајни Попусти
Ресторани

Град: Битола
Компанија: Буре афим продукција - пица бар
Категорија: Ресторани
Попуст: 5%

Барови

Град: Битола
Компанија: Кафе бар Симбол
Категорија: Барови
Попуст: 10%

Aurora Tours Student Aurora Macedonian Railways Mastercard Microsoft Skype